Официјално: Андреј Магдевски се врати во МЗТ Скопје!

Андреј Магдевски повторно ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, потврдија од клубот.

За 28-годишниот плејмејкер ова ќе биде трета епизода во сино-белиот дрес откако претходно за гордоста на Аеродром настапуваше во периодот помеѓу 2018 и 2021 година, а потоа и во 2022 година, кога по неколку месеци му беше дозволено да замине во Холандија.

Магдевски со МЗТ има освоено две шампионски титули, и тоа во 2019 и 2021 година, кога воедно беше избран за најкорисен МВП играч на финалната серија.

Тој е десеттиот кошаркар во составот со кој Металците ќе ја бранат двојната круна на домашна сцена и ќе се обидат да влезат во АБА-лигата.

Покрај Магдевски, во тимот се и Дамјан и Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоноски, Марко Миловановиќ, како и странците Брандон Слај, Марко Баковиќ и Милош Копривица.

- Оглас -

Најнови вести