Фенербахче уште сега се остри за дуелот со Манчестер јунајтед, го зеде Амрабат (Фото)

Мароканскиот играч за врска Софијан Амрабат, дојде во Истанбул за да направи лекарски преглед и да го официјализира трансферот во Фенербахче.

Амрабат патуваше облечен во дрес на Фенер, каде треба да биде позајмен од Фиорентина.

Во минатата сезона 28-годишниот Амрабат играше за Манчестер јунајтед, истотака на позајмица од Виолетовите. Таму немаше голем ефект, па веројатно во дресот на Фенер на дуелот со Јунајтед во Лига Европа во Истанбул, ќе има мотиви против Ерик Тен Хаг.

- Оглас -

Најнови вести