Ерменците со подмладен состав доаѓаат во Скопје: Ги нема Мхитарјан, Барсегјан, Хамбарџумјан…

Фудбалската репрезентација на Ерменија ќе биде прв гостин на арената „Тодор Проески“ во новото издание на Лигата на нации. Претходно, Македонија ќе игра против Фарски Острови на 7-ми септември на гости, а три дена подоцна, Ерменците ќе бидат ривалот на нашиот национален тим.


Селекторот на Ерменија, Олександр Петраков го објави списокот на играчи на кои ќе смета на мечот во Скопје и забележливо е дека се обидува да ја подмлади селекцијата.

Ќе ги нема познатите имиња како што се Мхитарјан, Барсегјан, Хамбарџумјан, а има и четворица дебитанти.

- Оглас -

Најнови вести