На Новак Ѓоковиќ може да му се случи дебакл: Сега му виси и местото во топ-8 на АТП ранг листата

Новак Ѓоковиќ сензационално загуби од Алексеј Попирин во третото коло на САД опен и првпат после 2017-тата остана без ниту еден грен-слем трофеј во сезоната. Сепак, поразот од Попирин може да има и далеку поголеми последици за Ѓоковиќ.

Србинот со елиминацијата изгуби 1.900 поени и ќе падне на седмата позиција на АТП ранг листата, а може да падне и под деветтото место и да остане без пласман на завршниот мастерс во Торино.

Јаник Синер, Карлос Алкарас, Александер Зверев, Данил Медведев, Каспер Руд и Андреј Рубљов, со сигурност ќе имаат повеќе бодови од Ѓоковиќ после завршувањето на САД опен, а во зависност од резултатите, србинот може да биде минат и од Алекс де Минор, Тејлор Фриц, Григор Димитров и Томи Пол, кои се уште се активни на последниот грен-слем турнир.

- Оглас -

Најнови вести