Во финишот на првото полувреме на средбата Вардар – Воска спорт која се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, навивачката група Комити истакна транспарент со благодарност до поранешниот тренер на Црвено-црните, Горазд Михаилов.
Михаилов беше на клупата на Вардар во тешки моменти, ја почна и сезонава, но после победата над Пелистер, си замина од клубот.
Комитите не го заборавија придонесот на Михаилов.