Вуко Борозан се врати во Вардар!

Црногорскиот ракометар Вуко Борозан, кој со Вардар во 2017 година стана европски првак, повторно ќе го облече црвено-црниот дрес.

Тој потпиша едногодишен договор со можност да биде продолжен. Борозан следната недела треба да се приклучи на тренинзите на екипата.

Левиот бек кој е познат по својот силен шут, а по потреба може да игра и како среден бек, и кој ги тресеше мрежите како член на Вардар во периодот од 2016 до 2019 година, со Вардар има освоено и по три титули во Македонија и СЕХА лигата. По заминувањето од Вардар беше играч на Веспрем, Ал-Араби и Ловќен.

- Оглас -

Најнови вести