„Комитите“ ги вратија вардарци од соблекувална за да им одржат лекција (Видео)

Вардар по четири кола е последен на табелата. Кога сите очекуваа триумф и работите на тргнат на подобро, на арената „Тодор Проески“ дојде Воска Спорт и победи со 1-3.

Тимот на Горан Петревски одигра уште еден очаен меч, а по завршувањето на дуелот фудбалерите засрамени заминаа во соблекувалната. Но, не оди тоа так кога го носите дресот на Вардар.

„Комитите“ се симнаа на тартан патеката и ги вратија фудбалерите да дојдат пред нив, за да им одржат лекција дека дресот што го носат има голема тежина и не треба така да го срамат.

- Оглас -

Најнови вести