Наполи во судиското продолжение успеа да даде два гола и да направи пресврт (2-1) против Парма, откако на голот на гостите мораше да застане дефанзивецот Енрико Дел Прато. Голманот Сузики во 76-тата минута доби втор жолт картон и беше исклучен, а Парма веќе ги имаше направено дозволените замени. Немаше право да влезе нов голман, па Дел Прато застана на голот.
The red card for Suzuki in the game Napoli – Parma for Serie A.
— That Red Card Football Channel (@FootballRedCard) August 31, 2024
Parma has no more subs and Del Prato is now the goalkeeper for the last minutes.#NapoliParma #SerieA
pic.twitter.com/61I40zBY8l
Ромелу Лукаку во 92-та минута успеа да израмни на 1-1, а пет минути подоцна Ангиса постигна и победнички гол за тимот на Антонио Конте.
The debut goal by Lukaku. pic.twitter.com/Ipcllp2yWf
— Napoli Zone (@TheNapoliZone) August 31, 2024
Парма поведе во 19-тата минута од пенал што го реализираше Бони.
Лацио и Милан на „Олимпико“ во Рим исто така одиграа интересен натпревар и ремизираа 2-2. Павловиќ во осмата минута обезбеди предност за Милан, но Лацио во вториот дел направи пресврт за четири минути, со головите на Закањи и на Диа. Сепак, одговори и Рафаел Леао со погодок во 72-та минута за конечни 2-2.