Валенсија во четвртиот натпревар од новата сезона во Ла Лига успеа да го освои првиот бод. Тимот на Столе Димитриевски одигра 1-1 против Вилјареал на домашен терен.
Хуго Дуро во 24-та минута ја доведе Валенсија во водство, но Ајозе Перез во последните мигови од првиот дел успеа да го надмудри Мамардашвили.
Од 68-та минута, Вилјареал играше со фудбалер помалку бидејќи Папе Геје беше исклучен поради два жолти картони.
Столе Димитриевски и на овој меч остана на клупата за резерви на Валенсија.