Тажна вест од Турција: Почина Сол Бамба

Поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, Сол Бамба, почина на 39-годишна возраст, објави неговиот клуб Аданаспор. Бамба починал по кратко боледување.

Тој бил итно пренесен во болница пред натпреварот на Аданаспор против Маниса, но за жал ја загубил животната битка.

„Нашиот технички директор, Сол Бамба кој се разболе пред натпреварот против Маниса беше префрлен во болница, но за жал ја загуби битката за својот живот. Сочувство до семејството и неговите најблиски“, објавија од Аданаспор.

Бамба во кариерата беше член на ПСЖ, Данфремлин, Хибернијан, Лестер, Трабзонспор, Палермо, Лидс, Кардиф и Мидлсборо.

- Оглас -

Најнови вести