Челзи го претстави Џејдон Санчо (Фото)

Челзи официјално го претстави новото засилување Џејдон Санчо. Фудбалерот пристигна на „Стемфорд бриџ“ на позајмица од Манчестер Јунајтед и презентиран е како играч на лондонскиот клуб.

Договорот беше финализиран малку пред затворањето на трансферниот прозорец во Англија. Играчот доаѓа на позајмица, но со задолжителна клаузула за откуп.


Вкупната вредност на трансферот изнесува 20 милиони фунти, плус дополнителни 5 милиони фунти во форма на бонуси.

„Многу сум возбуден што доаѓам тука. Пораснав во Лондон и среќен сум што се враќам овде. Имав разговор со менаџерот и се надевам дека ќе донесам многу голови и асистенции на „Стемфорд Бриџ“, изјави Санчо при своето официјално претставување.

- Оглас -

Најнови вести