После киксот со Брајтон: Артета се ослободи од уште еден дефанзивец

Екипата на Арсенал неочекувано одигра само 1-1 против Брајтон во третото коло и расипа ефектот од две победи во првите две кола. „Топчиите“ веднаш после натпреварот соопштија дека го раскинале договорот со дефанзивецот, Омар Рекик, кој и не се наметна кај Артета, па сега ќе биде слободен да бара нова средина.

Рекик пред да дојде во Арсенал, беше дел од Манчестер сити и Феенорд, а „топчиите“ ги испраќаа на позајмица во Виган. Дефанзивецот е само еден во низата фудбалери кои летово го напуштија „Емирати“, а меѓу нив се и Смит-Ров, Рамсдејл, Нкетиа, Нелсон, Виеира и Локонга.

- Оглас -

Најнови вести