Ливерпул доминираше на „Олд Трафорд“, Салах, Слот и Ван Дајк испишуваа историја

Големото премиерлигашко дерби помеѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул им припадна на гостите кои триумфираа со 3-0, па сега Црвените му се придружија на Манчестер сити како два тима кои имаат 9 бодови по три кола сезонава, со тоа што Ливерпул е единствен без примен гол.

Луис Дијаз беше стрелец на првите два гола, а третиот беше дело на Мохамед Салах кој асистираше при погодоците на Дијаз. Салах има 10 гола на девет гостувања на „Олд Трафорд“ во сите натпреварувања, а двоцифрен број голови на гости во Англија откако постои Премиер лигата во денешниот формат, имал само уште Алан Ширер на стадионот во Лидс.

Арне Слот е првиот менаџер на Ливерпул во последните 88 години кој победил на првото лигашко гостување кај Јунајтед.

За Вирџил Ван Дајк ова беше 200-ти премиерлигашки меч во дресот на Ливерпул и 140-та победа. Ниту еден друг играч во историјата на Ливерпул немал толку многу победи на првите 200 меча за Црвените.

Овој меч вечно ќе го памети и 20-годишниот Тоби Колиер кој дебитираше за Манчестер во Премиер лигата, и тоа веднаш во мега дербито со Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести