Шок-бомба во Ливерпул: Салах најави дека ова му е последна сезона во клубот!

Големото славје на навивачите на Ливерпул после убедливата победа над лутиот ривал Манчестер јунајтед, го помати Мохамед Салахм кој во изјава за „Скај спортс“ после дербито, рече дека ова му е последна сезона во клубот.

За некои аналитичари, оваа изјава на Салах не значи дека тој сака да го напушти Ливерпул, туку сака да добие повеќе пари за да остане кај Црвените со кои има договор уште една година.

Салах беше прашан како го поминал летниот одмор и во дел од одговорот „му се испуштија“ зборовите кои ги смрзнаа фановите на Ливерпул.

„Имав добро лето, имав долго време да останам со себе и да размислувам позитивно бидејќи како знаете, ова ми е последна сезона во клубот. Сакам да не мислам на тоа туку да уживам во фудбалот. Никој не разговарал со мене за нов договор, ќе видиме што ќе се случи следното лето“, рече Салах кој е сон на најголемите саудиски клубови и тие нема да жалат пари за да го купат.

- Оглас -

Најнови вести