И во репризата на женското финалето на тенискиот турнир на Олимписките игри во Париз исходот беше ист со тоа што поразената сега освои сет.
Кинеската Кинвен Џенг и на Отвореното првенство на САД ја победи Хрватката Дона Векиќ, овојпат со 7-6, 4-6, 6-2 во натпревар кој траеше 2 часа и 53 минути.
Седмата тенисерка на светот со тоа ја забележа третата последователна победа во меѓусебните дуели против Хрватката и се пласира во четвртфиналето на Отвореното првенство на САД, каде што ќе игра со втората носителка Арина Сабаленка.
Во другото познато четвртфинале кај жените ќе има дуел на Паула Бадоса и Ема Наваро.