Салах им фрли сол на рана на Ѓаволите, си направи селфи во „Театарот на соништата“

Мохамед Салах е фудбалски „газда“ на „Олд Трафорд“, а по вчерашниот гол и победата на Ливерпул од 3-0 на гостувањето кај лутиот ривал Манчестер јунајтед, Египќанецот реши да си направи едно провокативно селфи.

Салах, кој има постигнато 10 гола на последните седум настапи на „Олд Трафорд“, се фотографираше во микс зоната на стадионот кој му е омилен за давање голови, и тоа со амблемот на Јунајтед во заднина и прекарот „Театар на соништата“.

Салах е рекордер во историјата нљ Премиер лигата според вкупнниот број голови против Црвените ѓаволи, ги има 12.

Интересно е дека од јануари 2021 година, па наваму Салах е петти најефикасен играч според бројот на голови на „Олд Трафорд“. Повеќе голови од него во овој период имаат дадено само фудбалерите кои го носеле дресот на Манчестер, Маркус Рашфорд, Бруно Фернандеш, Кристијано Роналдо и Скот Мектоминеј и кои одиграле многу повеќе мечеви на тој терен од Салах.

- Оглас -

Најнови вести