Голманот на Партизан, Александар Јовановиќ, го спасуваше својот тим од пораз против Војводина и беше многу незадоволен од играта на дефанзивниот и средниот ред на неговиот тим.
Во еден момент, Јовановиќ толку многу му се налути на Кервин Аријага за ноншалантното однесување кое доведе до чиста шанса на противникот, што тргна да се расправа, можеби и да се степа со соиграчот од Хондурас. Тука беше Нихад Мујакиќ, кој успеа да ги одвои со што беше избегнат поголем инцидент и срам.
Јовановић и Аријага у жустрој расправи након дефанзивног пропуста целог тима и мртве шансе коју је одбранио!#partizan pic.twitter.com/03UqiUa035
— Partizan.net (@PartizanNet) September 1, 2024