Ромео Бекам, кој е син на прославениот англиски фудбалер, реши да прекине со професионално играње. Дејвид Бекам стекна светска слава играјќи за клубови како што се Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, ЛА галакси, Милан и ПСЖ, но иако има три сина, ниту еден не успеа да тргне по неговите фудбалски стапки.
Ромео се сметаше како најголем фудбалски талент од сите три сина на Дејвид. Играше за вториот тим на Интер Мајами, а минатото лето направи трансфер во англискиот премиерлигаш Брентфорд.
Сепак, и во Брентфорд не успеа да обезбеди место во првиот тим, играше за резервите и едноставно не успеа да се вметне во сениорскиот фудбал. Откако одби да игра за резервниот тим, Ромео едноставно реши да стави крај на фудбалската кариера. Неговиот следен предизвик ќе биде да се проба во модната индустрија каде што работи неговата мајка Викторија.
Претходно, фудбал тренираше и најстариот син на Дејвид, Бруклин, кој се обиде да се докаже во академијата на Арсенал, но откако не успеа, се откажа од професионалното играње.