Серафимов: Нашата цел е да го освоиме првото место во групата

Македонската фудбалска репрезентација се комплетира пред стартот на подготовките за мечевите од Лигата на нациите. Најголем дел од фудбалерите веќе се во базата во хотелот “Хилтон”.

Последни се најавени Миовски, кој доаѓа од Шпанија, како и двоецот од Шкотска, Трапановски и Бабунски.


Никола Серафимов е оптимист пред дуелот против Фарски Острови на гости. Во група со Македонија се уште и Ерменија и Летонија.

„Сите што доаѓаат се максимално подготвени да се стават во функција на тимот за да стигнеме до првото место во групата. Нема потценување на ниту еден ривал. Фарски Острови не е наивен ривал и мора да бидеме максимално подготвени ако сакаме да започнеме со три бода“, вели Серафимов.

- Оглас -

Најнови вести