Реал Мадрид синоќа го победи Бетис со 2-0 во меч од четвртото коло на Ла Лига, но Карло Анчелоти остана без уште еден фудбалер од средниот ред. Дани Себаљос се повреди, па во 65-тата минута мораше да биде заменет. Од Реал Мадрид денес потврдија дека повредата е сериозна и Себаљос ќе отсуствува од терените помеѓу шест и осум седмици.
Ова е само дополнителен проблем за Анчелоти бидејќи повредени се и Белингам и Камавинга, па Кралевите сега имаат само четворица здрави фудбалери од средниот ред. Тоа се: Чуамени, Валверде, Ѓулер и Модриќ.