Реал се откажа од аргентинскиот талент и ѝ го препушти на Барселона?!

Аргентинскиот талентиран фудбалер Франко Мастантуоно беше пред трансфер во Реал Мадрид, но се чини дека нема да има ништо од неговата преселба на „Сантијаго Бернабеу“. Раководството на Кралевите се налутило на неговиот менаџер, кој давал несоодветни изјави за медиумите, па сега Барселона и Манчестер јунајтед ќе водат борба за неговиот потпис.

Мастантуоно има само 17 години, но веќе е стандарден во првата екипа на Ривер плата, одигра 28 натпревари и постигна три погодоци, а настапува на позиција офанзивен играч за врска. Аргентинецот веќе е дел од репрезентацијата до 20 години.

Вредноста на Аргентинецот на трансфер-пазарот е 10 милиони евра, но неговата откупна клаузула изнесува 30 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести