Нема одиграно ниту минута, а Челзи го продаде за 23 милиони евра

Преодниот рок во Англија и воопшто во Европа заврши, но екипата на Челзи сепак успеа да направи одличен бизнис. Тие денес го продадоа фудбалерот Анхело Габриел на Ал-Наср за 23 милиони евра и дотука нема ништо чудно ако не се знае дека овој играч нема одиграно ниту една минута за Сините од Лондон.

Анхело Габриел минатото лето пристигна на „Стемфорд бриџ“ од бразилски Сантос за 15 милиони евра, но веднаш беше испратен на позајмица во Стразбур, а сега, по завршувањето на позајмицата е продаден во Саудиска Арабија за осум милиони евра повеќе од тоа што беше купен минатото лето. Сега ќе им биде соиграч на Кристијано Роналдо и Садио Мане во Ал-Наср.

- Оглас -

Најнови вести