Македонската фудбалска репрезентација започнува нов поход во Лигата на нациите. Освојување на првото место е главен предизвик за Македонија, која е во групата со Фарски Острови, Летонија и Ерменија.
Првиот меч Македонија ќе го игра на гости против Фарски Острови, и тоа на 7 септември, а три дена подоцна на арената „Тодор Проески“ ќе бидеме домаќини на Ерменија.
Токму на мечот против Ерменија се очекува Македонија да има голема поддршка од трибините на стадионот. Затоа Sport Life започнува акциска понуда во СЛ маркетот.
Оригинален дрес на Македонија, кој во СЛ маркетот има регуларна цена од 265.620 поени, во следните седум дена може да се добие со депонирање на 240.000 поени.