Играат во Лигата на шампионите, а во домашното првенство по шест кола се последни без ниту една победа

Екипата на Јанг бојс направи изненадување откако двапати го победи турскиот гигант Галатасарај, и тоа со 3:2 дома и 1:0 во Истанбул, па сосема заслужено се избори за место во елитната група од Лигата на шампионите. Во групната фаза ривал на швајцарскиот првак ќе ги одмери силите со екипи како Барселона, Интер, Аталанта, Астон вила, Шахтар, Штутгарт, Селтик и Црвена ѕвезда.

Јанг бојс ќе игра во Лигата на шампионите, но ако се погледнат резултатите во домашното првенство, тимот не изгледа како да е првак на својата земја. По шест одиграни меча, тоа е единствениот тим кој нема ниту една победа и е на последното 12-то место на табелата.

Во првите три кола, Јанг бојс губеше од Сион (1:2), Сервет (3:1), Сент Гален (4:0), а потоа следуваа три нерешени резултати, и тоа со Цирих (2:2), Ивердон (2:2) и Лозана (1:1). Сега следува пауза за репрезентативни дуели, а следниот меч од првенството ќе го има на 22 септември, и тоа на гости кај Винтертур, кој е една позиција пред Јанг бојс, што е добра шанса конечно да се извојува првата победа во домашното првенство.

- Оглас -

Најнови вести