Херојот на Шпанија од ЛОИ: „Нема да носам гардероба од 600 евра, кога мајка ми заработува 700 евра“

Серхио Камело беше херојот на Шпанија кој ѝ го донесе златниот медал од Летните олимписки игри во Париз откако во финалето постигна два гола во продолжението за победа од 5-3.

Фудбалерот на Рајо Ваљекано заработува по 12.500 евра неделно, но останува скромен и вели дека никогаш нема да го видат во скапа гардероба.

„Нема да ме видите како носам маица од 600 евра бидејќи мојата мајка целиот живот заработува по 700 евра месечно. Тоа едноставно не е во ред. Секогаш живеевме скромно и тоа е нешто што го задржав и денес. Нема да си купам скап часовник, кога мојот брат нема никаков. Има луѓе кои знаат да ценат некои работи повеќе од другите. Во фудбалот денес има многу фудбалери кои не знаат што да им прават на парите. Имав многу такви соиграчи“, вели младиот Камело.

- Оглас -

Најнови вести