Лапорта призна: „Се ослободивме од Гундоган за да го донесеме Олмо“

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, на прес-конференција призна дека се ослободил од Илкај Гундоган само за да го донесат Дани Олмо, за кого на Лајпциг му платија 55 милиони евра..

„Гундоган си замина бидејќи ние така одлучивме и само поради спортски причини. Откако го донесовме Дани Олмо, улогата на Гундоган беше нејасна. Зошто би ни биле двајца фудбалери на слична позиција. Гундоган е врвен фудбалер и човек. Трансферот на Дани Олмо е само доказ за она што го кажав пред неколку месеци. Барселона е подготвена да ангажира фудбалери со врвни договори“, рече Лапорта.

- Оглас -

Најнови вести