Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер го промовираше новиот дрес за сезоната 2024/2025, а во улога на „манекен“ се појави 18-годишниот Самоил Ристевски, кој е објавено дека ќе игра за првиот тим на Е. Пелистер.
Досега 18-годишниот пикер настапуваше во дресот на Еурофарм Пелистер 2.
Ристевски е еден од македонските ракометни дијаманти, играше за кадетската и младинската селекција на Македонија, која правеше одлични резултати на меѓународна сцена, а дебито за првиот тим на Е. Пелистер ќе го има утре, на Суперкупот против Алкалоид во Гевгелија.