Тренерите на клубовите коишто играат во Ла Лига вчера одржале состанок, по кој најавија борба за заштита на своите права. На состанокот присуствувале околу 40 тренери, меѓу кои и звучни имиња, како Карло Анчелоти, Чави Ернандес и Диего Симеоне, по што ќе следуваат преговори со раководството на Ла Лигата, а во спротивно ќе следува штрајк.
Барањето на тренерите е заштита на нивните права од финансиски аспект, односно да не може толку лесно да се врачува отказ на сред договор. Тренерите бараат кога ќе биде отпуштен тренер, да не може да се назначи нов сè додека не се постигне договор со претходните околу исплатата на финаниските побарувања.