Светската фудбалска организација, ФИФА, информираше дека оваа година досега се направени рекорди 11.000 меѓународни трансфери, што е за 4,8% повеќе од истиот период минатата година. На обесштетување се потрошени 6,4 милијарди долари, што е за 13,06% помалку од лани.
Убедливо најмногу пари потрошиле клубовите од Европа, 5,58 милијарди долари, а англиските клубови во оваа сума учествуваат со 1,6 милијарди долари, и тоа само во летниот преоден рок. Сепак, и тука има намалување од 15,5%.
Пад од 50,74% има и кај клубовите од Саудиска Арабија, кои минатата година потрошиле 875 милиони долари за купување фудбалери, а оваа „само“ 431 милион долари.
Големо зголемување на сумата за трансфери има и во женскиот фудбал, каде што годинава се потрошени 6,8 милиони долари, што е за двојно повеќе од минатата година.