Шпанскиот весник „Ас“ тврди дека Реал Мадрид има цел следното лето да го донесе, според многумина, најдобриот фудбалер од средниот ред во светот. Се работи за членот на Манчестер сити, Родри, кој е столбот на Граѓаните, но и на репрезентацијата на Шпанија.
Родри е од Мадрид, но е дете на Атлетико, па на тоа се гледа како на најголем проблем при евентуалниот трансфер во Реал. Дваесет и осумгодишниот фудбалер има договор со Манчестер сити до 2027 година, а во моментов на трансфер-пазарот вреди 130 милиони евра. Тој иако е од Мадрид, никогаш нема играно за Реал. Шест години беше дел од академијата на Атлетико, една сезона мина во Виљареал, а потоа беше продаден на Сити за 70 милиони евра.