Спектакл: На 100 метри се тркаа светскиот рекордер во скок со стап и на 400 метри со пречки (Видео)

Светскиот рекордер во скок со стап, Швеѓанецот Арманд Дуплантис, го победи актуелниот светски рекордер на 400 метри со пречки, Норвежанецот Карстен Ворхолм, во егзибициската трка на 100 метри која се одржа во Цирих.

Дуплантис, кој пред неполни две недели го собори светскиот рекорд по 10-ти пат во кариерата и има прескокнато 6,26 метри, ја предводеше трката од почеток до крај. Тој стотката ја истрча за 10,37 секунди. Времето на Вархолм беше 10,47 секунди, а и за него тоа е личен рекорд. Со овие резултати и двајцата би го поминале првиот квалификациски филтер за трката на 100 метри на Олимписките игри во Париз.

- Оглас -

Најнови вести