Кристијано Роналдо, кој вечерва на дуелот Португалија – Хрватска во Лисабон има шанса да стане првиот фудбалер во историјата со 900 постигнати гола на официјални натпревари, најави дека сака да стигне до бројка од 1.000 гола.
Гинисовата книга на рекорди, на пример, го става Пеле, кој почина во декември 2022 година, на прво место со наводни 1.279 гола на 1.363 натпревари, а Светската фудбалска федерација ФИФА не води официјална листа.
Роналдо, од друга страна, се гледа себеси како број еден.
„Сите мои голови се докажани на видео, но ги почитувам сите други“, рече Роналдо, кој со 212 натпревари за Португалија веројатно е со најмногу меѓународни настапи, а со 130 гола е цврсто на врвот на листата на најдобри стрелци за репрезентација.