Русија е под суспензија, но затоа продолжува да „гази“ на пријателските натпревари (Видео)

Репрезентацијата на Русија веќе 30 месеци е под суспензија на УЕФА и ФИФА, па играат само пријателски натпревари. Русите нема да учествуваат ниту на следното Светско првенство, па додека другите селекции играат официјални натпревари, тие ја искористија можноста за нов пријателски дуел, овојпат против Виетнам на гостински терен.

Фаворитот победи со убедливи 3-0 и ако не се смета поразот од селекцијата на Египет за фудбалери до 23 години пред точно 12 месеци, тогаш Русите се во серија од 12 натпревари без пораз, а победата над Виетнам е четврта по ред за нив, откако претходно ги победија Белорусија, Србија и Куба.

- Оглас -

Најнови вести