Ерик тен Хаг веќе трета сезона е на клупата на Манчестер јунајтед, но наскоро може да биде и „поранешен“. Холандскиот тренер откако дојде во Јунајтед, потроши повеќе од 600 милиони фунти за засилувања, а Црвени ѓаволи се далеку од борбата за титулата.
Манчестер јунајтед и оваа сезона продолжува да игра топло-ладно, па по победата над Фулам, загуби од Брајтон, а посебно боли катастрофата на домашен терен и поразот од 0-3 од Ливерпул. Медиумите од Островот пренесуваат дека раководството на клубот, предводено од Џим Ретклиф, веќе му испорачало ултиматум на Тен Хаг, кој гласи: „Манчестер јунајтед мора да доминира над секој противник и да победува, во спротивно си одиш“.
Erik ten Hag's major signings at Manchester United ✍️ pic.twitter.com/mNtqFF65OI
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) September 1, 2024