Лука Дончиќ доби дрес од Македонија (Фото)

Дел од европската и светска кошаркарска елита синоќа беше сопрена во Загреб да му се оддаде уште една почит на легендарниот Дражен Петровиќ. Во чест на кошаркарскиот Моцарт, се собраа голем број докажани кошаркарски и тренерски имиња, а 16.500 гледачи уживаа во спектаклот.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше дел од ова шоу на теренот и постигна девет поени. Македонија свој „преставник“ имаше и надвор од теренот, односно „зад сцената“.

Еден од најверните македонски спортски фанови, Горан Кипријановски, кој може слободно да се нарече и македонски спортски амбасадор, беше во Загреб, каде што беше облечен во дресот на Дражен Петровиќ од времето кога легендарниот Хрват играше за Њу Џерси нетс.

Популарниот Кипре ја продолжи мисијата за промоција на Македонија, го најде Лука Дончиќ и за него имаше специјално подготвен подарок. Дрес од македонската репрезентација со бројот 77, кој го носи Дончиќ.

 

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата со задоволство го прифати подарокот од Кипре, кој уште еднаш се покажа како спортски промотор, па уште една голема светска спортска ѕвезда сега како сувенир има дрес од Македонија.

Кипријановски во Загреб имаше средба и со братот и мајката на Дражен Петровиќ, а, секако, и ним им подари македонски дрес.

- Оглас -

Најнови вести