Репрезентативните возбудувања продолжуваат, а во денешните Квоти на денот има пет возбудливи дуели кои ако се одиграат според понудените комбинации, вкупниот коефицинет кој ќе го добиете е 65.61. Тоа значи дека само со 100 вложени денари, можната добивка е над 100 евра.
Норвешка гостува кај Казахстан и треба да победи во дуел на којшто ќе има од два до четири гола, комбинација која се вреднува со 2.25.
Дербито на денот е меѓу Франција и Италија и тука Галските петли треба да не загубат, а двата тима да постигнат гол за да биде добитна комбинацијата која е со квота од 2.30.
Белгија игра против Израел и е голем фаворит, па се очекува да има погодоци во мрежата на гостите. Затоа комбинацијата е Белгија да даде барем еден погодок во првото полувреме, а на крајот од средбата да има најмалку три гола во мрежата на Израел. Квотата за такво нешто е 2.45.
Уругвај и Парагвај се очекува да играат натпревар со погодоци, и тоа барем еден гол во првиот дел и 3+ на крајот, комбинација која носи коефициент од 2.25.
Бразил пред своите навивачи треба да го победи Еквадор, и тоа во пресметка на која ќе има погодоци во двете полувремиња. Оваа комбинација е со квота од 2.30.