Нема намера да се пензионира: Славниот шпански фудбалер кариерата ја продолжува во Австралија

Порнешниот репрезентативец на Шпанија, Хуан Мата, нема намера да се пензионира и иако уште од јануари беше без клуб, сепак кариерата ја продолжува во Австралија, во екипата на Вестерн Сиднеј вандерерс.

Триесет и шестгодишниот фудбалер беше европски и светски шампион со Шпанија, а ја освои и Лигата на шампионите со Челзи во 2012 година. Мата потекнува од академијата на Реал Мадрид, а освен во Челзи, настапуваше и за Валенсија, Манчестер јунајтед, Галатасарај и Висел Кобе од Јапонија.

- Оглас -

Најнови вести