Фудбалскиот сојуз на Холандија размислува за укинување на офсајдот како правило во оние ниски, аматерски лиги. Причината за ваквиот потег е големите тензии кои се случуваат на натпреварите токму поради офсајдите, кои често завршуваат и со инциденти.
Планот на Холандија е воопшто да нема помошни судии и натпреварите да се играат без офсајди. На овој начин сакаат да ги спречат можните инциденти кои би се случиле во ситуации кога се досудува офсајд-позиција. Како тоа ќе функционира, останува да видиме, секако, ако воопшто ваквата одлука биде донесена.