Барди: Атмосферата во тимот е одлична, сите сме подготвени да го дадеме максимумот против Ф. Острови

Енис Барди со капитенската лента утре ќе ја предводи македонската репрезентација на дуел против домаќинот Фарски Острови во Торсхавн.

„Сите сме свесни што нѐ очекува. Ги направивме сите потребни анализи за мечот и подготвени сме сите да го дадеме најдоброто на теренот. Атмосферата во селекцијата е одлична, една од најдобрите во последно време. Имаме одлични поединци, како Миовски, Елиф, Столе, но и како тим сме одлични и верувам дека може да направиме добри резултати“, вели Барди, кој додаде дека воопшто не размислува за тоа дека дуелот ќе се игра на вештачка трева.

„Теренот е како за нас така и за нив. Наше е да излеземе, да го дадеме максимумот и верувам дека ќе направиме добар резултат“, оптимист е капитенот Барди.

- Оглас -

Најнови вести