Англија игра на терен каде никогаш не победила во официјален меч, Грузија сака да ја продолжи бајката од ЕП

6108 Германија – Унгарија (20:45 ч.)

Нема дилеми дека домаќинот е апсолутен фаворит за победа, против селекцијата која пред три месеци на ЕП ја победија без многу мака со 2:0. Сепак, Унгарија дека не е толку наивен и лесен ривал покажа на претходните три меѓусебни пресметки со Панцерите кога еднаш славеа на гости со 1:0 во 2022 година, а два пати ремизираа во мечеви одиграни во 2021 и 2022 година (1:1 и 2:2).

Предлог тип: 1-1 (1.82)

 

6116 Грузија – Чешка (18 ч.)

Селекцијата на Грузија беше едно од најпријатните изненадувања на ЕП летово и сигурно во составот уште владее еуфорија и позитивна атмосфера дека може да се продолжи во ист ритам.

Чешка разочара на континенталниот собир, а интересно е дека оваа репрезентација единствениот бод во групата го освои токму по ремито со Грузија (1:1). Двете селекции негуваат подефанзивен фудбал и реално е да се очекува да нема многу погодоци.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.50)

 

6115 Р. Ирска – Англија (18 ч.)

Огромен е ривалитетот на овие две селекции, па не чуди и фактот дека во последните седум меѓусебни пресметки имаат пет реми и по една победа на двете страни. Ирска и Англија последен пат во Даблин играле во 2015 година, а последните четири меѓусебни дуели кога Ирска била домаќин, завршувале нерешено со резултат 0-0 или 1-1. Англичаните 60 години не победиле на гости во Ирска, а на официјален дуел никогаш не победиле.

Предлог тип: X2&2-4 (1.70)

 

6117 Украина – Албанија (20:45 ч.)

Веќе подолг период поради војната во Украина, оваа репрезентација како домаќин игра на неутрален терен, а Прага веќе им е добро познато место. Украина и Албанија беа дел од ЕП, но не ја поминаа групната фаза.

Ако се погледне традицијата, Украина има пет победи и едно реми во шесте дуели со Албанија, но сепак, поголем дел од тие средби се одиграни многу одамна, па сега Албанците се многу пореспектабилен ривал.

Предлог тип: 1&0-3 (2.30)

 

6132 Молдавија – Малта (18 ч.)

Пресметка на екипи кои се во последниот, најслаб сегмент од Лигата на нации. Според резултатите и моменталната форма, Молдавија е во улога на фаворит и тоа не само поради фактот што игра дома, туку и затоа што во изминатава година има победи над Кипар дома (3:2) и Фарски Острови на гости со 1:0. Малта во последните 11 натпревари нанижа осум порази.

Предлог тип: 1 (1.82)

 

 

- Оглас -

Најнови вести