Италија ја покори Франција, Ди Марко со гол за паметење (Видео)

Италија среде Париз ја победи Франција со 3-1 во дербито на вечерта во Лига А од Лигата на нации. Со истиот резултат и Белгија беше подобра од Израел.

Французите дадоа рекордно брз гол во 13-та секунда, стрелец беше Бредли Баркола, но гостите не се збунија и брзо се опоравија од почетниот шок. Во 30-та минута, Ди Марко постигна прекрасен гол за 1-1 и тоа беше знак за Италија да тргне уште похрабро, па во второто полувреме Фратези и Распадори го комплетираа пресвртот.

Лоша вест за Аѕурите е што се повреди дефанзивецот Калафиори.

Ова е голот на Федерико Ди Марко со кој Италија го прекина постот од 16 години без гол на официјалните мечеви против Триколорите:

- Оглас -

Најнови вести