Најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид, најдобриот светски фудбалер за 2018 година, Хрватот Лука Модриќ, е најновата ѕвезда која доби подарок дрес од македонската репрезентација.
Заслугата за тоа ја има Горан Кипријановски-Кипре кој престојот во Хрватска го искористи да им подари македонски дресови и на семејството на Дражен Петровиќ и на кошаркарот Лука Дончиќ.
На ред дојде и Модриќ кој е во Осиек со фудбалската репрезентација на Хрватска и се подготвува за утрешниот дуел со Полска. Лука со насмевка го прифатил подарокот, дрес од македонската фудбалска репрезентација со неговото презиме на грбот.