Ракометарите на Еурофарм Пелистер со тешка победа на гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци ја започнаа одбраната на титулата во Супер лигата на Македонија. Битолчани на тешкото гостување победија со 27-31, иако имаа негатива на полувремето од 17-15, а претходно и со високи четири голови разлика.
Сепак, отпорот на домашните беше скршен на стартот од второто полувреме, кога актуелниот шампион на Македонија со серија од 6-0 ја најави победата.
Најголемото изненадување го направи дебитантот Бисинов од Велес, кој со пресврт победи на гостувањето кај Струга со 30-31. Прилеп и Пролет одиграа нерешено, 30-30, Бутел го победи Куманово со 29-12, а Охрид беше уште поубедлив и победи на гостувањето кај Радовиш со 18-36.