6701 Португалија – Шкотска (20:45)
Репрезентацијата на Португалија после победата над Хрватска од 2-1 на првиот натпревар од Лигата на нации, има можност за нова победа, овојпат против Шкотска на домашен терен. Нема сомнеж дека португалеците се големи фаворити на овој натпревар, а Кристијано Роналдо ќе има можност да постигне уште некој гол, откако против Хрватска дојде до својот 900-ти погодок во кариерата. Португалија има три победи по ред во меѓусебните дуели против Шкотска, а последен пат загубија од денешниот ривал во далечната 1980-та.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.77)
6702 – Швајцарија – Шпанија (20:45)
Шпанија никогаш во историјата нема загубено од Швајцарија на гостински терен. Неверојатен податок кој само му дава поголеми шанси на европскиот шампион да се рехабилитира од киксот против Србија на гостински терен, кога одиграа само 0-0. Шпанија е во серија од 11 натпревари без пораз, а на последните 20 натпревари загубија само од Колумбија на пријателски натпревар.
Предлог тип: Х2 & 1+ прво (1.74)
6110 – Хрватска – Полска (20:45)
Хрватска и Полска одиграа ефикасно на првите натпревари од Лигата на нации, па нема причина зошто да не биде така и вечерва на нивниот меѓусебен натпревар. Хрватите претходно загубија од Португалија со 2-1, додека Полска победи со 3-2 на гостувањето кај Шкотска. Хрватска на последните седум натпревари игра со најмалку два гола, а последните три меча завршија „гол-гол“.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.98)
6705 – Шведска – Естонија (20:45)
Репрезентацијата на Шведска е голем фаворит за победата против селекцијата на Естонија во дивизијата „Ц“ од Лигата на нации. Шведска одлично започна во Лигата на нации и на првиот натпревар победи со 1-3 над Азербејџан на гости, додека Естонија со 0-1 беше поразена од Словачка. Последните два порази на естонците се без да дадат гол.
Предлог тип: 1 Сиг. и Двој. (2.09)
6130 – Словачка – Азербејџан (18:00)
Словачка имаше одличен старт на Лигата на нации и освои планирани бодови на гостувањето кај Естонија. Словаците сега се пред нов натпревар, против Азербејџан, натпревар на кој повторно се големи фаворити и од нив се очекува победа. Словачка учествуваше на Европското првенство, ја минаа групата, а потоа несреќно беа елиминирани од Англија во осминафиналето, па за нив натпреварите против селекции како Азербејџан се само попатна станица кон враќањето во дивизијата „Б“ на Лигата на нации.
Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.71)