Баерн Минхен немаше милост во дуелот со Борусија Менхенгладбах и победи со убедливи 5:1. Со трите бода од овој триумф, германскиот првак се израмни со Борусија Дортмунд на врвот на табелата, но „милионерите“ остануваат лидери само поради подобрата вкупна гол разлика.
Дуелот во Менхенгладбах има посебно значење за Баерн. Најтрофејниот германски клуб стана првиот кој успеал да стигне до 4.000 погодоци во Бундеслигата.
Освен клубот, посебно славје има и за Роберт Левандовски. Полскиот напаѓач даде два гола и стигна до 195 погодоци во германското првенство. Со оваа бројка, Левандовски се израмни со Клаудио Пизаро, како најефикасни странци во историјата на Бундес лигата.