Го фасцинираше светот: има една нога, и без протеза во висина прескокна 177 сантиметри (Видео)

Полскиот параолимпиец Лукаш Мамчарж го привлече вниманието на светот со својот извонреден скок во висина на Параолимписките игри во Париз.

Полјакот кој во 2009 година имаше сообраќајна несреќа по која ја загуби левата нога, на Параолимписките игри во Париз, Мамчарж го освои седмото место во финалето во скок во височина во категоријата Т63, прескокнувајќи 177 сантиметри.

Но, иако не освои медал, неговиот резултат добива дополнително значење бидејќи не користеше протеза на ногата, за разлика од повеќето други натпреварувачи, меѓу кои и победникот Американецот Езра Фреч, кој прескокна 1,94 метри.

https://twitter.com/i/status/1831726514376728679

- Оглас -

Најнови вести