Некогашниот играч на Барселона со дожд од солзи објави крај на кариерата (Видео)

Поранешниот играч за врска на Барселона и Бразил, Паулињо, објави дека се пензионира на 36-годишна возраст.

Фудбалерот сними видео порака во која не можеше да ги задржи солзите, и беше претерано емотивен додека објавуваше дека веќе нема да игра.

Паулињо беше шампион на Шпанија со Барселона, го освои и Купот на конфедерации со репрезентацијата на Бразил, а играше и за Тотенхем. Негов последен клуб беше бразилскиот Коринтијанс, кој го напушти во 2024 година.

https://twitter.com/i/status/1832739882088767859

- Оглас -

Најнови вести