Барселона вечерва продолжи таму каде што застана пред три дена на „Сантијаго Бернабеу“. Каталонскиот гигант повторно ја тресе мрежата на Реал Мадрид, но овојпат во меч од Примера дивисион. Откако Барселона славеше со 3:0 во Мадрид, во дуел од Купот, сега води со 1:0 во првенството.
Двете екипи имаа свои шанси, но мрежите мируваа се до 26 минута кога Иван Ракитиќ успеа да избега на Серхио Рамос и пласираше покрај немоќниот Тибо Куртоа.