Барселона на полувреме има предност од 1:0 против Реал Мадрид и е на добар пат по втор пат за само четири дена да си замине победнички од „Сантијаго Бернабеу“. Каталонците со 3:0 го победија Реал во Мадрид и го елиминираа од Купот, а сега води по првиот дел во меч од првенството.
Иван Ракитиќ ја направи разликата, откако погоди во 26 минута. Хрватскиот репрезентативец одлично реагираше, откако најпрво му избега на Серхио Рамос, а потоа пласираше покрај Тибо Куртоа.
Со тој погодок на Ракитиќ, Барселона успеа да стигне до бројката од 23 Ел Класика во низа на кои дава барем по еден гол. Во досегашната историја на дуелите меѓу најтрофејните шпански клубови, немало таква серија.