Охриѓанецот Осман пристигна во Атина, го пречекаа навивачи на Панатинаикос

Турскиот кошаркар Џеди Осман, пристигна во Атина откако потпиша договор со европскиот првак Панатинаикос, и како ѕвезда беше пречекан од фанови на Зелените детелинки, но тоа не беше ниту приближно до атмосферата која ја приредија навивачите на Олимпијакос при пречекот на Еван Фурние.

За Осман кој е роден во Охрид, а неговиот брат Џанер во минатото играше за младинските селекции на Македонија, интерес имаше од неколку големи европски клубови, но на крај реши да ја прифати понудата од тимот чиј тренер е Турчинот Ергин Атаман.

Претходните седум сезони, Осман играше во НБА лигата, за Кливленд кавалирс и Сан Антонио спарс.

- Оглас -

Најнови вести